СИ ГО БАРАЛ СЕМЕЈСТВОТО, СИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ Момче од Богомила му пресудило на соседот

Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот тогаш излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите, информираше Јавното обвинителство.

7,920

21-годишен жител на велешкото село Богомила е осомничен за убиство на 60-годишен соселанец, информираше Основносто јавно обвинителство.

„Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот тогаш излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини