СИ ГИ ФОТОГРАФИРАЛЕ ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА ЗА ДА ИМААТ ДОКАЗ ПРЕД ПАРТИИТЕ Полицијата приведе двајца, а за тројца ги расчистува случаите

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се пријавени 5 вакви инциденти во текот на досегашното гласање.

1,539

Во текот на денешното гласање МВР регистрира уште пет инциденти со фотографирање на гласачко ливче. Во два случаи лицата кои го фотографирале гласачкото ливче се приведени, а во останатите инциденти полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место  број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче.






Ваков инцидент е пријавен и на избирачко место број 2683/1 во Скопје каде што А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче.

Ист инцидент направил и  А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид. Тој е  приведен во полициска станица – соопшти полицијата.

Фотографирање на гласачко ливче исто така е пријавено и  на избирачко место бр.0006 во Берово, од страна на Д.Т.(42). И тој е приведен.

Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче.

 

 

Поврзани содржини