СИ ДЕЛЕЛЕ КОРОНА БОНУСИ Германскиот вицеканцелар и министерката Аналена Баербок ќе дадат оставки

Оставките на Баербок и Хабек од челници на Зелените можат сериозно да ја дестабилизираат новата германска влада предводена од Олаф Шолц. За случајот прв објави неделникот Шпигел, што го натера Јавното обвинителство да ја поведе истрагата.

552

Членовите на германската партија на Зелените си доделувале бонуси од 1.500 евра во време на корона ланската зима, а сега се под истрага на Јавното обвинителство. Скандалот ќе ги принуди актуелната министерка за надворешни работи, Аналена Баербок и вицеканцеларот Роберт Хабек да дадат оставки поради „корона-бонусите“ кои служеле за да им компензираат на членовите поради непријатностите предизвикани од работата од дома и реновирањето на зградата.

Оставките на Баербок и Хабек од челници на Зелените можат сериозно да ја дестабилизираат новата германска влада предводена од Олаф Шолц. За случајот прв објави неделникот Шпигел, што го натера Јавното обвинителство да ја поведе истрагата.






Густо е и внатре во партијата. Внатрешните партиски ревизори веќе поставиле прашања за исплатата на корона бонусите на управниот одбор, јавува агенцијата ДПА.

Поврзани содржини