СИ БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН СПАНАЌ … Против стереотипите од кујната на мама

„Спанаќот е здрав. Здрав е затоа што има многу железо. Спанаќот не треба да се подгрева бидејќи станува отровен“. Ова е аксиомата која е поставена пред речиси 150 години и како народно предание се пренесува од колено на колено. Но, дали е точно?

249

Обично на децата им велат дека треба да јадат спанаќ затоа што тој има најмногу железо. Така некако и многу деца на кои во кујната на нивните мајки спанаќот им бил често сервиран и биле убедувани дека ако го јадат ќе бидат силни како Попај, почнаа да го мразат. јадат спанаќ, Но дали е тоа така? Спанаќот не може да се опише само со овие реченици, туку со една долга приказна, која е многу интересна и полна со неочекувани пресврти.

Имаше еднаш еден спанаќ…
Сè започнало со грешка на научникот Емил фон Волф, кој во 1870. година, кој додека го истражувал хемискиот состав на зеленчукот, погрешно ја внел вредноста на содржината на железо во спанаќот. Се појавила грешка при ставањето запирка, па содржината била прикажана како 10 пати поголема од вистинската. Ова е откриено дури во 1930. година, но очигледно тогаш не го дознале сите тоа.






Токму во тие години (1929) се родил ликот на Попај, кој на децата им го доближил спанаќот, претставувајќи го како состојка што му дава сила да ги направи сите тие херојски дела. Иако се вели дека креаторите на Попај имале на ум висока содржина на витамин А како гориво за сила, луѓето ја припишувале заслугата за таа сила на високата содржина на железо.

Вистина е дека спанаќот содржи железо, но помалку од сојата, семките од тиква, ‘ржта, смоквите, семките од сончоглед и оревите. Да бидеме уште попрецизни, спанаќот има исто железо како и компирот печен во лушпа.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини