СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ВО СОФИЈА НА ДРУЖБА СО РАДЕВ И УЖИВАЊЕ ВО „НАБУКО“ Хорот на репортерите да не очекува спектакуларни изјави

Неколку часа пред средбата со македонската поретседателка, домаќинот Румен Радев ја пречекува со оценка дека „Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика“ и со порака до властите во Скопје: „Нека се вратат на реализмот“.

1,525

Додека претседателите на Македонија и на Бугарија, Гордана Силјановска Давкова и Румен Радев, вечерва во Софија ќе уживаат во „Хорот на Евреите“, најпознатата арија од операта „Набуко“ на Џузепе Верди, на хорот на репортерите што ќе ја следат посетата на Силјановска Давкова нема да им бидат поделени ноти.

Софиските медиуми објавуваат дека средбата ќе биде затворена за медиумите и по неа нема да има изјави.






Додуша, во изјава за БГНЕС, Радев си зеде алиби за средбата, повторувајќи го обвинувањето дека „Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика“. Неколку часа пред средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, преку новинарите Радев испрати порака до Скопје: „Нека се вратат на реализмот“.

„Точно е дека музиката и културата се сфери кои не зближуваат и Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување, да даде поттик на економската соработка, очекуваме со ова дијалог за конечно решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев.

Се чини дека претседателката Гордана Силјановска Давкова нема да биде премногу импресионирана од изјавите на Радев. Иако ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и од министерот за култура Зоран Лутков, таа нема посебни амбиции да води разговори за влошените односи меѓу Бугарија и Македонија. Нејзиниот потег има симболично значење и во Скопје се толкува како прв чекор на новата македонска власт во насока на создавање мост на комуникација со Софија.

Изведбата на „Набуко“ од Џузепе Верди од македонската Национална опера и балет во Софија се чини идеална прилика за тоа. И софиските медиуми потсетуваат дека во рамките на 52. издание на Мајските оперски вечери во Скопје, Силјановска Давкова присуствуваше на претставата „Валкирија“ на Софиската опера и балет. Тогаш таа го нагласи „значењето и моќта на културната дипломатија како составен дел на меѓународната активност“. Нема ништо пологично од тоа македонската претседателка сега да го проследи „возвратното“ гостување на македонските оперски пејачи во Софиската опера.

Откако бугарската агенција БГНЕС со уводник на својот главен уредник остро и со тешки зборови ја нападна „културната дипломатија“ на Силјановска Давкова, оценувајќи ја како „фрлање песок в очи“, денешните наслови во софиските онлајн медиуми се помирливи и од техничка природа.

Некои потсетуваат и на вчерашната изјава на амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, која изјави дека е добро што претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе ја посети Софија, каде ќе се сретне со Румен Радев. Други потсетуваат дека Радев последен пат бил во официјална посета на Македонија на 16 февруари 2018 година.

Радев очигледно сфатил дека посетата на Сиљановска Давкова на Софија може да се протолкува и како неформална покана тој пак да го посети Скопје. Тоа прашање ќе биде разјаснето денеска во Софија, им рече Радев на бугарските новинари, но нагласил:

„Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме РСМ да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија. Строго го следиме протоколот, на ред сум да дојдам во официјална посета на Република Македонија“.

Од вечерашната променада на Сиљановска Давкова и Радев не се очекува многу, освен што таа сигурно ќе остане забележана како несекојдневен акт на неформална дипломатија. Секако, предуслов за тоа е да нема провокации и инциденти, а доколку има, Сиљановска Давкова да демонстрира достоинствена воздржаност.

Проблемите во односите меѓу Скопје и Софија моќат бда се надминат со добра волја на двете страни, но тие се сложени, многу посложени од романтичниот и политичкиот заплет по протерувањето на Евреите од страна на вавилновскиот цар Набуко, заплет кој е во основата на либретото на операта на Верди.

За љубителите не операта, еве едно потсетување на „Хорот на Евреите“ (Va, pensiero, sull’ali dorate):

Поврзани содржини