СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПРОТИВ ПРЖИНСКАТА ВЛАДА Моделот е неуставен, треба да се укине

Зоран Заев на малите партии им вети една изборна единица, а сега СДСМ бега од тоа ветување, рече професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

313

„Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне“, изјави во „Вин вин“ на Телма професорката и пратеничка Гордана Сиљановска Давкова, при што потенцираше дека како држава која претендира да биде дел од ЕУ треба расчисти со ваквите слаби механизми за кои се покажа дека власта ги злоупотребува.

Сиљановска Давкова посочи дека пржинската влада мора да биде укината во парламентот и конечно да почне да се следат препораките на Венецијанската комисија за Изборниот законик.






Во врска со прашањето за една изборна единица, кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка, додека СДСМ бега, таа потсети на зборовите на Зоран Заев кој го вети тоа.

–  Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила. Една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии – потсети таа.

Поврзани содржини