СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА САМИТ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО СОФИЈА Се среќава и со бугарската претседателка Јотова
На Самитот учествуваат шефови на држави и влади од земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова.
На маргините на самитот, предвидени се билатерални средби на Сиљановска-Давкова со Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.
Предвидено е Сиљановска-Давкова да се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост”.
Покрај македонската претседателка, на самитот учествуват и Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу, претседателката на Репубика Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Владата на Република Молдавија, Александру Мунтеану, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.