СИЉАНОВСКА ЈА ВКЛУЧИ АРМИЈАТА ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ Со огнот се борат стотици припадници на АРМ

283

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.

Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од  Владата.






„Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман. Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани“, соопшти нејзиниот кабинет.

Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции.

„Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово“, информира Центарот за управување со кризи.

Од Општина Ѓорче Петров претходно соопштија дека на терен се ангажирани екипи на Противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи (вклучително и специјалните единици ЕБР и Интервентна полиција), припадници на Армијата, како и претставници на локалното население.

Од ЦУК додаваат дека Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.

Поврзани содржини