СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА И ПРАВИЛНО ПОСТАПУВА Шешељ ја пофали Сиљановска Давкова

Ми се допаѓа новата претседаталка која си ја знае работата. Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува. Очекувам и новата влада да биде поинаква, патриотска, порача Воислав Шешељ.

988

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ го пофали изборот на новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

– Ми се допаѓа новата претседаталка која си ја знае работата. Таа ми е колешка по уставно право и исправно постапува. Очекувам и новата влада да биде поинаква, патриотска, бидејќи ако е патриотска спрема Македонија сигурно ќе биде братска и патриотска спрема Србија – изјави Шешељ во емисијата „Хит Твит“.






Инаку, Сиљановска Давкова на заклетвата го употреби името „Македонија“, без „Северна“ со што ги налути Грците кои се закануваат дека ако земјава не го почитува Договорот од Преспа, ќе следат блокади.

Поврзани содржини