На новата национална платформа за учење од далечина нема можност „Си ја заборави лозинката?“.
Ова го потврдија денеска и од Министерството за образование (МОН).
– Нема таква опција, но доколку се заборави, се праќа имејл на системот за поддршка за да се ресетира лозинката – велат од МОН.
На сајтот schools.mk во често поставувани прашања е објаснето како да се постапи во случај некој наставник или ученик да ја заборави лозинката за пристап до платформата.
Ако наставник ја заборави лозинката треба да се обрати кај ЕСАРУ администраторот на училиштето за да му ја ресетира. Ако ученик ја заборави лозинката треба да се обрати кај одделенскиот наставник или кај класниот раководител, кој ќе го потврди неговиот идентитет како ученик и потоа ќе се обрати до ЕСАРУ администраторот да му ја ресетира лозинката. ЕСАРУ администраторот ја дава лозинката на наставникот, кој ја препраќа до ученикот.