СИ ЈА ВРАБОТИЛ СОПРУГАТА СОМНИТЕЛНО, АМА ЌЕ ИЗБЕГНЕ ОДГОВОРНОСТ? Пратеникот Костовски од СДСМ ќе помине само со глоба од 500 евра

Бидејќи немало други кандидати Антикорупциска не може да го утврди потенцијалното влијание и нема законска можност за понатамошно постапување.

1,169

Постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ Мартин Костовски за вработување на неговата сопруга во МНР, но бидејќи немало други кандидати Антикорупциска не може да го утврди потенцијалното влијание и нема законска можност за понатамошно постапување, одлучила Државна комисија за спречување на корупцијата на 25 април годинава, објави Нетпрес.мк.

Сепак, бидејќи Костовски не го пријавил во ДКСК вработувањето на својата сопругата платил глоба (која се движи од 300 до 500 евра) за што приложил уплатница.






На истата седница во април, Антикорупциска го разгледувала и предметот со вработувања на истакнати членови на СДСМ во Министерството за внатрешни работи и тоа без јавен оглас, но поради тоа што актите за организација и систематизација на работните места во МВР се класифицирани, ДКСК немала надлежност за понатамошно постапување.

Поврзани содржини