Шврговски: Што е Мијалков крив ако државата не може да ги обезбеди законските обврски?
Дали 24 часовен надзор преку физичко обезбедување, а не со електронска алка, остава сомнеж дека Мијалков може да остане недостапен за органите на прогонот? Секако дека не може, рече адвокатот Љупчо Шврговски откако Обвинителството побара затворски притвор за Мијалков.
Зошто пропустот на државата која не може да ги обезбеди обврските кои се експлицитно дадени во Законот за кривична постапка да му се припише на Сашо Мијалков? Вака адвокатот Љупчо Шврговски ѝ одговор на обвинителката Ленче Ристовска, која побара ефективен затворски притвор за обвинетиот Мијалков, поради тоа што, како што рече, Министерството за внатрешни работи (МВР) немало услови да спроведе 24-часовен видео надзор во домот на обвинетиот.
– Одбраната смета дека определување мерка притвор е неосновано за Сашо Мијалков. Во моментов му е определен домашен притвор, во кој стриктно се наведени обврските и условите кои треба да ги исполни. Дали до овој момент од донесување на ова решение, со било каква постапка, е нарушен било кој од овие обврски, односно основот. Не е повреден ниту еден основ. Се поставува прашање по изнесениот основ дека МВР не може да ги обезбеди обврските кои се експлицитно дадени по законот за кривична постапка, и тоа се образложува како причина за мерка притвор. Пропустот на државата, не може да се му се препише како пропуст на Мијалков. Државата мора и треба да го обезбеди. Дали 24 часовен надзор преку физичко обезбедување, а не со електронска алка, остава сомнеж дека Мијалков може да остане недостапен за органите на прогонот? Секако дека не може. Од овие причини одбраната смета дека не е исполнет законскиот основ за определување на потешка мерка која што е во моментов – рече Шврговски.