ШВЕРЦУВАЛ ОСУМ МИГРАНТИ ВО „АЛФА РОМЕО“ Скопјанец бил лишен од слобода близу Миравци

Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште", тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода, известуваат од МВР.

43

МВР информира дека денеска, во 11.30 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучката Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан).

„Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште”, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода“, известуваат од МВР.






По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини