ШВЕРЦЕРИ ФАТЕНИ СО 1.320 КУТИИ ПАТИКИ Полицијата ги начекала додека растовараат полно комбе, приведени се две лица
Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
Две лица се приведени од страна на полицијата која вчеравечер во нивното возило откри 11о пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики без документи.
Вчеравечер околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки.
„При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол. Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка“, соопшти МВР.