ШВЕРЦ НА МИЛИОН ЕВРА НА КОСОВСКО-СРПСКАТА ГРАНИЦА Инспектор од Албанија е во притвор со уште две лица

Албански инспектор од Камза е уапсен на „Мердаре“ со уште две лица, а во подот на неговото комби биле откриени непријавени милион евра. Властите сè уште го утврдуваат потеклото на парите, додека против осомничените се води истрага за перење пари.

463

Непријавени 1 милион евра биле откриени на косовско-српската граница. Уапсен е полициски инспектор од Албанија со уште 2 лица. Станува збор за инспекторот Аурел Казиу од полициската станица Камза во близина на Тирана. Тој бил приведен на преминот Мердаре при влез од Србија во Косово.

Возилото тип комби, кое му припаѓало на Казиу, било детално контролирано. Парите биле пронајдени во додаден простор во подот на возилото. Со него биле уапсени и двајца косовски државјани, Етник Ахмаџокај и Ардит Ласка. Сите тројца се во притвор.






Се сомничат за кривично дело „перење пари“.

Дирекцијата за професионални стандарди во албанската државна полиција веднаш го суспендирала Казиу.

„Инспекторот е суспендиран откако косовската страна нè извести дека бил уапсен при обид да прошверцува 1 милион евра непријавени“, соопшти Дирекцијата.

Според медиумот „Топ чанел“, властите сè уште не го утврдиле потеклото на парите ниту нивната крајна дестинација. Се сомневаат дека средствата припаѓаат на албанска криминална група која користела копнени патишта за транспорт.

Поврзани содржини