ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ И АЛКОХОЛ СПАКУВАН ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПОШТА НА МНР Порталот МКД открива нов скандал

Порталот МКД пишува дека ова не е единствен случај и дека станува збор за разработен канал на извесна група во која има инволвирано лица од МНР, со цел шверцот на акцизни стоки да биде прикриен со „дипломатски имунитет“.

1,393

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци, дознава порталот МКД.

Порталот пишува дека ова не е единствен случај и дека станува збор за разработен канал на извесна група во која има инволвирано лица од МНР, со цел шверцот на акцизни стоки да биде прикриен со „дипломатски имунитет“. Цигарите и алкохолните пијалаци во земјите од ЕУ на црните пазари достигнуваат високи суми.






Летово бил претресен контејнер со македонска „дипломатска пошта“ кој со брод пристигнал на пристаништето во Бриндизи, Италија. Крајната адреса била амбасадата во Франција, а за содржината на „поштата“ во документацијата пишувало „…за опремување на амбасадата во Париз“.

Поврзани содржини