ШВЕДСКАТА МАНЕКЕНКА ОСУДЕНА НА ЗАТВОР ВО СПЛИТ Влегла во конфликт со полицајци
Изабела завршила во притвор откако четири часаво една продавница вознемирувала купувачи, па вработените биле принудени да повикаат полиција.
Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом е осудена на девет дена затворска казна откако беше уапсена поради нарушување на јавниот ред и мир во една продавница во Сплит, пишува „Далматински портал.хр“.
Имено, 31-годишната Изабела завршила во притвор откако четири часаво една продавница вознемирувала купувачи, па вработените биле принудени да повикаат полиција. Кога ги здогледала полициските службеници, манекенката почнала да вика, а според пишувањата на „Далматински портал“, таа била уапсена со примена на сила.
Било утврдено и дека била под дејство на алкохол откако ѝ биле измерени 1,26 промили во крвта, по што објаснила дека пиела џин кој го носела со себе бидејќи „била жедна“.
Полицијата ја одвела на психијатрија, а оттаму била префрлена на Прекршочниот суд во Загреб и во затвор. Линдблом не сакала да го признае прекршокот, а по сведочењето на полициските службеници била осудена на 9 дена затвор кој веќе го издржала, како и плаќање на трошоците за постапката во износ од 300 куни.
Изабела се најде во центарот на вниманието откако го окупираше хрватскиот остров Јаз на кој живееше еден месец со кокошки и кучиња, и стана главна тема на мештаните и посетителите кои ги бркала од ова место и се однесувала како островот да е нејзин.
ФОТО: Инстаграм