ШВЕДСКА ГО ИЗВЕЗУВАЛА КОРОНАВИРУСОТ? Благите мерки се причина за ширење на пандемијата

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Шведска вовела премногу слаби мерки за да го запре ширењето на пандемијата, а тоа придонело за голем број инфекции, како и за мутација на вирусот.

2,380

Стратегијата за справување со коронавирусот во Шведска помогнала да се рашири болеста и во другите земји, покажало најновото научно истражување објавено во списанието „Eurosurveillance“. Студијата била спроведена од истражувачи од Универзитетот Упсала во Шведска, Институтот за јавно здравје на Норвешка и од Универзитетот во Сиднеј, Австралија, а резултатите покажале дека токму Шведска била нето-извозник на вирусот во соседните нордиски земји во првата година од пандемијата.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Шведска вовела премногу благите мерки за да го запре ширењето на пандемијата, а тоа придонело за голем број инфекции, како и за мутација на вирусот.






Во истражувањето биле опфатени 71.000 пациенти, а тоа им овозможило на научниците да го анализираат генетското потекло за ширење на вирусот во скандинавската област.

„Нашите резултати покажуваат дека шведската стратегија за порелаксирани мерки имала големо влијание врз епидемиолошката состојба во земјата, но и во целиот нордиски регион“, наведуваат научниците.

Поврзани содржини