ШВЕДСКА ЌЕ АПЛИЦИРА ВО НАТО ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ Целта е да стане членка уште годинава
По случувањата во Украина и Шведска и нејзиниот сосед Финска размислуваат да влезат во Алијансата. Русија, од свој страна, се закани дека ќе ја „ребалансира“ ситуацијата доколку тоа се случи и дека тоа ќе донесе „политички и воени последици“.
Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО до крајот на јуни, објави шведскиот весник „Свенска Дагбладет”. Целта на премиерката Магдалена Андерсон е земјата веќе оваа година да стане членка на НАТО, велат упатени извори за весникот.