Шведска до лето ќе воведе дигитални ковид пасоши
Владата се надева дека пасошот ќе биде воведен на 1 јуни и предвидува дека останатите земји за влез во државата или за присуство на конференции, музички фестивали и спортски натпревари ќе бараат доказ за вакцинација.
Шведска денеска најави дека до лето има намера да воведе дигитални ковид пасоши.
– Почна спроведувањето на меѓународните процеси врзани за техничките решенија и стандарди за доказ за вакцинација. Шведска треба да учествува во тоа – изјавила министерката за здравство Лена Халенген на прес конференција.
Со воведувањето на дигитална потврда, Швеѓаните ќе имаат документ за вакцинација против коронавирусот, изјавил Андерс Игеман, министер за дигитален развој.
Потврдата за вакцинација треба да биде во склад со меѓународните правила и стандарди и да ја гарантира приватноста.
Владата се надева дека пасошот ќе биде воведен на 1 јуни и предвидува дека останатите земји за влез во државата или за присуство на конференции, музички фестивали и спортски натпревари ќе бараат доказ за вакцинација.
Властите и агенциите, вклучувајќи ја и Агенцијата за јавно здравство, Шведската агенција за е-здравство која ги води и координира владините иницијативи за е-здравство, како и Шведското здружение на локалната власт и регионите, ќе учествваат во развојот на догиталниот пасош.
Агенцијата за јавно здравство учествува во работата на Светската здравствена организација на изработка на дигиталните документи за вакцинација против ковид-19, а Агенцијата за е-здравство соработува со Европската комисија.
Соседната земја, Данска, вчера најави дека има слични планови за примена на дигитален пасош за вакцинација.