Шведска брза да донесе закон за справување со пандемијата

197

Шведската Влада сака по брза постапка да донесе привремен закон за пандемија, што ќе и даде овластување да затвора продавници, приватни музеи и да го ограничи бројот на лица во групи, јавија локалните медиуми.

Шведска за време на пандемијата избегнуваше „заклучувања“ и претпочиташе да се потпира на доброволни мерки за одржување на социјална дистанца и хигиена.






Сепак, со оглед на постојаното зголемување на новите случаи во изминатите два месеци и фактот дека здравствените услуги се близу до максималниот капацитет, владата смета дека е потребно да се бараат пошироки овластувања.

– Амбиција е да му се предложи на Паралментот, Закон за пандемијата на 4 јануари – рече Лена Халенгрен, министер за здравство и социјална помош, во интервју за агенцијата

.

Поврзани содржини