Шведска бележи рекорден број на новозаболени во еден ден

Бројот на заразените сега достигна 48.300, а вкупниот број на починати, кој денеска се зголеми за 19, е 4.814 лица.

1,118

Шведска за еден ден регистрираше рекордни 1.474 новозаболени со ковид-19, а властите објавија дека тоа е резултат на засиленото тестирање.

Бројот на заразените сега достигна 48.300, а вкупниот број на починати, кој денеска се зголеми за 19, е 4.814, што во однос на бројот на жители е повеќепати зголемен отколку во соседните нордиски земји, но и нешто понизок во однос на најтешко погодените европски држави како Шпанија, Велика Британија и Италија, пренесува „Ројтерс“.






Наместо со изолација, Шведска во борбата со пандемијата главно се потпираше на доброволна примена на превентивни мерки, а главниот шведски епидемиолог минатата седмица призна дека земјата би можела да направи повеќе за да го заштити населението.

И покрај гласните критики кои доаѓаат од опозицијата поради бавното зголемување на обемот на тестирање, владата на Шведска минатата недела со таа цел, како и за следење на контактите на заразените, вети дополнителни 639 милиони долари.

Така бројот на тестираните минатата недела достигна рекордни 49.200, додека минатата недела се тестирани 36.500 лица.

Според официјалната статистика, дневниот број на починати со неделниот просек од околу сто кон средината на април, на почетокот на јуни падна на 37, а се намалува и бројот на оние кои се лекуваат на одделенијата за интензивна нега за пациенти од ковид-19.

Поврзани содржини