ШВЕДСКА ЈА ПРЕКИНА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО МОДЕРНА Зачестиле појави на воспаление на срцевиот мускул кај млади лица
Лицата родени 1991 година или подоцна, кои ја примиле првата доза од вакцината на Модерна, околу 81.000, нема да ја примат втората доза. За наведената возрасна група се препорачува вакцината на Фајзер/Бионтек..
Шведска ќе ја суспендира вакцинацијата против коронавирусот со Модерна за лица родени 1991 година и подоцна по извештајот за можни ретки нуспојави, како миокардитис, објавил Заводот за јавно здравство.
Шведскиот завод за јавно здравство соопштил дека податоците укажуваат на зачестени појави на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул“ и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка) кај млади кои се вакцинирале.
– Поврзаноста особено е јасна во случајот со вакцината на Модерна, Спикевах, особено по втората доза – се вели во соопштението. Сепак, се додава дека ризикот од миокардитис и од перикардитис е многу мал. Агенцијата за наведената возрасна група ја препорачува вакцината на Фајзер/БиоНТек.
Лицата родени 1991 година или подоцна, кои ја примиле првата доза од вакцината на Модерна, околу 81.000, нема да ја примат втората доза, се вели во соопштението.
Претходно неделава шведскиот Завод за јавно здравство објавил дека децата од 12 до 15 години може да примат само вакцина на Фајзер. Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Фајзер во јуни, а во јули ја одобри вакцината на Модерна за деца постари од 12 години.