Поранешниот политичар и актер Арнолд Шварценегер (74) во интервју раскажал што мисли за луѓето кои одбиваат да се придржуваат кон мерките кои треба да го спречат ширењето на коронавирусот.
– Вирусот е тука, ги убива луѓето и единствениот начин да се ослободиме од него е со вакцинацијата, носењето маски и со дистанцата. Треба постојано да ги миеме рацете, а не да размислуваме дека нашата слобода сега е загрозена. Е…и вашата слобода – рекол тој за „Индипендент“.
Тој објаснил дека луѓето не можат да прават што сакаат ако тоа влијае на другите луѓе, па ги споредил „правилата на коронавирусот“ со сообраќајните правила:
– Поставуваме семафори за некој да не убие некого во несреќа, не можете да кажете дека нема да застанете на црвено светло, бидејќи тогаш некого ќе убиете – раскажал тој.
„Можеби имате слобода да не носите маска, но треба да ги чувате оние околу вас“, додал тој.
Арнолд видеото во кое зборува за актуелниот проблем го објави и на својот профил на Инстаграм, па тоа предизвика лавина реакции.
Додека некои се согласија со него, многумина му рекоа дека ги разочарал и да се тргне од политиката:
„Отсекогаш ми бевте пример, но оваа ваша порака навистина ме разочара“, напишал еден негов следбеник на социјалните мрежи.
“Screw your freedom.”
— Arnold @Schwarzenegger slams people who refuse to follow CDC COVID guidelines. pic.twitter.com/KqNmL9V9K6
— The Recount (@therecount) August 11, 2021