ШВАРЦЕНЕГЕР ГИ НАРЕЧЕ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ „ГЛУПАВИ“ По ѓаволите со вашата слобода!

„По ѓаволите со вашата слобода“, викна Шварценегер и налути многу луѓе во Америка. А на тоа, веднаш одговори неговиот спонзор „Редкон 1“. „Секој што вели „по ѓаволите со вашата слобода“ – не е американски патриот!“, нагласи Арон Сингерман, основач на фирмата која го спознрорира Шварценегер.

3,950

Познатиот глумец Арнолд Шварценегер ги нарече невакцинираните луѓе глупави во свое интервју за Си-Ен-Ен, а веднаш по емисијата беше „отпуштен“ од својот спонзор „Редкон 1“ кој по 10 му ја откажа поддршката поради неговите „антиамерикански“ изјави, јавува МИА.

– По ѓаволите со вашата слобода – викна Шварценегер и налути многу луѓе во Америка. А на тоа, веднаш одговори неговиот спонзор „Редкон 1“:






– Секој што вели „по ѓаволите со вашата слобода“ – не е американски патриот! – нагласи Арон Сингерман, основач на фирмата.

Според Сингерман, „Редкон 1“ е „патриотски бренд“ кој поддржува „слобода на избор“. Компанијата го финансираше Шварценегер во многу настани меѓу кои и шоуто „Арнол Класик“ – натпревар во бодиблинг кој ќе се одржеше следниот месец во Охајо ако Шварценегер не ја дадеше кобната изјава.

Погледнете го видеото од интервјуто каде на 2:12 Шварценегер вели „по ѓаволите со вашата слобода“:

Поврзани содржини