ШВАЈЦАРСКИ МИЛИЈАРДЕР ПОВИКА НА ПОГОЛЕМО ОДАНОЧУВАЊЕ НА БОГАТИТЕ Гантнер има предлог и за висината на даноците
Швајцарија е еден од водечките центри за управување со богатство во светот, а околу 2.500 даночни обврзници во земјата имаат средства во вредност од над 50 милиони франци, според швајцарските даночни власти.
Истакнатиот швајцарски милијардер Алфред Гантнер повика на поголемо оданочување на богатите, откако неговата земја го отфрли предлогот за воведување данок од 50% на наследено богатство во вредност од 50 милиони швајцарски франци и повеќе.
Алфред Гантнер, коосновач на фирмата за приватен капитал „Партнерс груп“, рече дека зголемената концентрација на богатство е глобален проблем.
-Не е можно неколку луѓе во оваа земја да имаат огромно богатство, а други да не знаат како да го платат здравственото осигурување и киријата.Ако ништо не се преземе за да се реши проблемот, тогаш Елон Маск, Марк Закерберг и Фреди Гантнер ќе заработуваат многу повеќе пари во следните 20 години – вели Гантнер во изјава за швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер“.
Според Гантнер, проблемот е „што сè повеќе и повеќе создавање вредност се генерира од компаниите, а не од вработените“. Овој тренд ќе се „засили“ со ширењето на вештачката интелигенција. Веќе постојат „темни фабрики каде што речиси и да нема луѓе“ работат.
– Ќе ни треба нов даночен систем за да одговориме на ова – вели Гантнер.
Швајцарија е еден од водечките центри за управување со богатство во светот, а околу 2.500 даночни обврзници во земјата имаат средства во вредност од над 50 милиони франци, според швајцарските даночни власти.
Повеќе од 78% од швајцарските гласачи го отфрлија предложениот данок на наследство на вчерашниот референдум, што е поголем процент од предвидувањата на анкетите.
Гантнер, кој ја опиша среќата како важен фактор за стекнување големо богатство, рече дека данокот на наследство не е патот напред, тврдејќи дека лесно може да се заобиколи.
-Ни треба прогресивно оданочување на богатството. На пример, данок од 1% може да се плати за износ над 200 милиони швајцарски франци. За половина милијарда би бил 1,2%, за милијарда 1,5 % и така натаму- рече Гантнер.
Гантнер е рангиран на 1.045 место на листата на милијардери на Форбс за 2025 година со проценета нето вредност од 3,5 милијарди долари.