Швајцарски лекар предупредува: Европа е на пресвртница, вирусот не се шири сам

Здравствените служби мора да бараат начини како да продолжат со трагање по контактите и да се спречи ланецот на трансмисија - објаснил швајцарскиот лекар Бертран Левра.

1,570

Вирусот не се шири сам, туку ние го шириме, а оваа реченица не ја повторуваме доволно, рекол директорот на најголемиот болнички комплекс во Швајцарија, Бертран Левра, додавајќи дека Европа е на пресвртница во борбата против ковид-19.

Тој истакнал дека денес сè зависи од тоа колку луѓето ги почитуваат мерките кои дозволуваат економијата и животот да одат по својот нормален тек.






– Ако не ја управуваме кризата на соодветен начин, тогаш ќе се ставиме во ризик да дојдеме во ситуација која ќе биде многу потешка за контролирање. Навистина се наоѓаме на пресвртница и работата може да тргне во двете насоки. Здравствените служби мора да бараат начини како да продолжат со трагање по контактите и да се спречи ланецот на трансмисија – објаснил Левра.

Поврзани содржини