ШВАЈЦАРИЈА НИКАКО НАД 10 МИЛИОНИ! Швајцарците одат на рефендум за ограничување на населението
Предлогот предвидува владата и парламентот да преземат мерки штом населението надмине 9,5 милиони.
Во јуни годинава швајцарските гласачи ќе одлучат за две национални прашања на референдум, вклучувајќи ја и иницијативата на крајно десничарската Швајцарска народна партија која предвидува ограничување на населението на земјата на 10 милиони, како и реформа на државната служба.
Иницијативата „Не за десет милиони Швајцарија“ (No to Ten Million Switzerland) има за цел да го ограничи бројот на постојани жители до 2050 година, објавува порталот „Swiss info“.
Предлогот предвидува владата и парламентот да преземат мерки штом населението надмине 9,5 милиони.
Владата и пратениците ја отфрлија иницијативата, а не беше презентиран никаков контрапредлог.
Второто прашање на референдумот се однесува на реформата на државната служба одобрена од Парламентот, која предвидува намалување на годишниот број на регрути од армијата во државната служба од околу 6.600 на околу 4.000.
Противниците на реформата, вклучувајќи ги Млади зелени и здружението „Цивива“, собраа околу 57.000 потписи, тврдејќи дека предложената промена практично води кон „укинување на државната служба“.
Швајцарската влада го потврди датумот на гласањето вчера.