Швајцарија изнакупи респиратори, а сега не знае што да прави со нив
Уште 300 респиратори треба да бидат доставени до август.
Швајцарските власти размислуваат што да направат со вишокот респиратори кои ги купиле во големи количини за време на пандемијата на коронавирусот.
Исто така се им натрупале и залихите на хигиенски маски, така што тие имаат повеќе од 200 милиони, а некои нарачки допрва треба да пристигнат, соопшти Министерството за одбрана, а тоа го потврди на весникот „Sonntags Zeitung“.
Весникот се повикува на записникот на владиниот кабинет, во кој се вели дека кантонските власти ги враќаат респираторите во федерацијата, а овие немаат каде да ги чуваат или одржуваат.
Ова значи дека кантоните можат да ги чуваат, да ги продаваат во други земји или можеби да ги донираат во земјите во развој.
Пристигнуваат уште 300 респиратори
Како се зголемуваше процентот на пациентите и жртвите на ковид-19 болест на почетокот на оваа година, властите во оваа земја побрзаа да купат респиратори да им помогне на сериозно болените, а секој респиратор чини десетици илјади долари.
Министерството за одбрана соопшти дека од 900 респиратори доставени до 24 јуни – 261 биле чувани во воената медицинска служба, а 639 биле дистрибуирани до кантоните.
Уште 300 респиратори треба да бидат доставени до август.
Владата наложи на воената медицинска служба да набави опрема бидејќи се ширеше пандемијата. Таа побара од парламентот да одобри повеќе од 2,5 милијарди швајцарски франци за таа цел, а потрошена е приближно една петтина од таа сума.
Набавката на заштитна опрема, медицински материјали и тестови се уште е во тек, додека извештајот за вкупната цена ќе се биде објавен кога се ќе заврши.