Швајцарија ги зголеми средствата за надомест за невработеност

Одлуката е донесена по најавата на Владата дека ќе почне со олеснување на вонредните мерки воведени поради ковид-19, а со цел на што поголем број луѓе да им се овозможи користење помош за невработеност и скратено работно време.

296

Швајцарската Влада одлучи да издвои дополнителни 14,2 милијарди франци (14,71 милијарди долари) за финансирање на осигурување во случај на невработеност, односно за исплата на надомест за невработеност или скратено работно време.

Одлуката е донесена по најавата на Владата дека ќе почне со олеснување на вонредните мерки воведени поради ковид-19, а со цел на што поголем број луѓе да им се овозможи користење помош за невработеност и скратено работно време.






„Со оглед на тоа што вонредните барања за надомест за скратено работно време на самовработени и луѓе во слична позиција, како и за приправници, истекуваат кон крајот на мај, потребно е таквите барања повторно да бидат регистрирани однапред“, се вели во соопштението на Владата.

Поврзани содржини