ШВАЈЦАРИЈА ГИ ПРИЗЕМЈИ СРПСКИТЕ ОРЛИ И ОДИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Камерун го шокираше Бразил

Бразил, иако беше поразен со 1:0, сепак остана на првата позиција и продолжува во осминафиналето.

421

Швајцарија, која во последното коло од групата Г ја совлада Србија со резултат 3:2, оди во осминафиналето на Мундијалот, а Србија го заврши својот настап на Светското првеснтво во Катар.

Џердан Шаќири после само 20 минути игра ја доведе Швајцарија во водство, но Србија успеа да израмни само шест минути подоцна кога погоди Александар Митровиќ со глава. Успеа Србија десет минути подоцна и да направи пресврт со голот на Душан Влаховиќ.






Швајцарија до изедначување стигна во последните минути од првото полувреме со голот на одличниот Емболо. Само што започна вториот дел Швајцарија преку Фраулер дојде до 3:2.

До крајот на натпреварот играта беше помирна, без поголеми прилики, па така Швајцарија победи и како второпласирана продолжува во осминафиналето.

Камерун на вториот меч од оваа група го шокираше фаворитот Бразил, славејќи со 1-0 со голот што го постигна Абубакар во 92. минута, во судиското продоложение, а неколку моменти по голот беше исклучен. Бразил, иако беше поразен, сепак остана на првата позиција и оди во осминафиналето.

Поврзани содржини