ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ГОНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЗА ТЕРОРИЗАМ Бил поврзани со Исламска држава
Косовецот на 36-годишна возраст и 33-годишниот двоен државјанин (Швајцарија и Македонија), чии имиња не се објавени, се осомничени дека во изминатата деценија, главно во регионот на Женева, вршеле индоктринација, финансирање и регрутирање во швајцарското крило на „косовска терористичка организација“, соопштија од Канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија.
Двајцата мажи беа уапсени во септември 2022 година во рамки на истрага за нивната наводна поддршка на Исламска држава. Осомничените, наводно, започнале акција за собирање поддршка и средства за „салафистичко-џихадистичка идеологија“ со цел дестабилизација на Косово и преземање на територии што би биле под шеријатско владеење.
Тие се соочуваат со обвиненија за учество во терористичка група, поткупување на државни службеници и перење пари, како и за незаконско добивање социјални придобивки во Швајцарија, велат обвинителите.
Случајот преминува во Федералниот кривичен суд. Според швајцарското законодавство, осомничените имаат право на презумпција на невиност сè до завршување на судската постапка и изрекување правосилна пресуда за вина.
Швајцарија, чија политика на неутралност има за цел да ја држи земјата надвор од конфликти, во голема мера избегна насилниот екстремизам што го зафати делови од Европа и светот во последните децении.
Косово ја прогласи независноста од Србија во 2008 година, при што повеќето западни земји ја признаа неговата сувереност, но Србија и нејзините сојузници Русија и Кина тоа не го направија.