ШВАЈЦАРИЈА, БЕЛГИЈА И АВСТРИЈА СО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ Важат и за граѓаните на Македонија

Во Швајцарија слободно може да се патува, но само со потврда за примени две дози вакцини. Белгија воведува карантин за невакцинираните, а за Австрија потребни ви се докази за вакцинација или за прележан ковид-19.

530

Швајцарија, Белгија и Австрија донесоа нови ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји, вклучително и за патниците од Македонија, информира МНР. Во Швајцарија слободно може да се патува, но само со потврда за примени две дози вакцини. Белгија воведува карантин за невакцинираните, а за Австрија потребни ви се докази за вакцинација или за прележан ковид-19.

– За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина – велат од МНР.






Информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува условите за влез во Швајцарија потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula 

– Белгиската Влада воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Северна Македонија. Поради зголемениот број на нови ковид пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10 дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен – информира МНР.

За влез во Австрија, пак, мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележана ковид-19, што претставува единствен начин да се избегне карантин од 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

– Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација. Децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето – информира МНР.

 

 

Поврзани содржини