ШУРА ТЕПАЛ ПОРАДИ ПОРАЗЕНИОТ ЗЕТ Вевчанец го нападнал претседателот на општинското ВМРО-ДПМНЕ

1,839

Во инцидент со употреба на физичко насилство денеска во Струга настрадал претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски.

Според полициски извори во Струга, Влајнкиноски бил нападнат додека седел во кафуле во овој град.






Напаѓачот кој употребил физичко насилство е близок роднина на градоначалникот на Вевчани во заминување Сашо Јанковски кој, според очевидци, физички го нападнал претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани поради поразот на Јанковски на локалните избори.

Лицето кое го извршило нападот е брат на сопругата на Јанковски, објави Експрес.мк.

Поврзани содржини