ШУМСКИ ПОЖАРИ ГО ПУСТОШАТ ТУРИСТИЧКИОТ РАЈ На Тенерифе евакуирани 26.000 луѓе

Поради пожарите, вчера на островот беа евакуирани 4.500 лица, но заканата од огнената стихија не стивнува.

230

Шпанскиот остров Тенерифе, една од најпопуларните туристички дестинации во светот, зафатен е од големи шумски пожари.

Поради опасноста од огнот денеска се евакуирани околу 26.000 луѓе, соопштија спасувачките служби.






„Привремените проценки сугерираат дека евакуираните денeска се над 26.000“, се вели во пораката на социјални мрежи, објавена од службите за итни случаи.

фото: EPA-EFE/ALBERTO VALDES

Поради пожарите, вчера на островот беа евакуирани 4.500 лица, но заканата од огнената стихија не стивнува. Пожарот уште повеќе се прошири ноќеска поради особено тешките временски услови.

Поврзани содржини