ШУМСКИ ПОЖАР НАД СЕЛО АРНАКИЈА ВО САРАЈ Противпожарните служби се излезени на терен

Според надлежните, пожарот е активен и се преземаат сите потребни мерки за негово локализирање и спречување на евентуално проширување.

62

Во областа над селото Арнакија, Општина Сарај, вечерва е регистриран шумски пожар на непристапен терен, соопшти Центарот за управување со кризи.

На местото на настанот се присутни екипи на Министерството за внатрешни работи, додека истовремено се известени и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Национални шуми Караџица, ЕЛС Сарај и Дирекцијата за заштита и спасување на Скопје.






Според надлежните, пожарот е активен и се преземаат сите потребни мерки за негово локализирање и спречување на евентуално проширување.

Поврзани содржини