ШУМИ, ДЕПОНИИ И НИВИ ВО ПЛАМЕН Еден активен и пет пожари под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека низ државата ситуацијата со пожарите и понатаму е сериозна, иако дел од нив се ставени под контрола, а поголемиот број се успешно изгаснати.

305

Центарот за управување со кризи информира дека низ државата ситуацијата со пожарите и понатаму е сериозна, иако дел од нив се ставени под контрола, а поголемиот број се успешно изгаснати.

На територијата на Македонија до 07:00 часот регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, еден сè уште е активен, пет се под контрола, а 19 се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.






Активниот пожар се наоѓа во општина Долнени, кај селото Долгаец, во месноста Тутуница, каде гори ниска вегетација. Тимовите на терен се обидуваат да го локализираат за да спречат негово проширување.

Под контрола се пет пожари на различни локации низ државата. Во општина Прилеп, околу селото Дабница и месноста Три багреми, гореа ниска вегетација и ѓубре, додека во Гевгелија, на планината Кожуф, се развил приземен пожар. Слична состојба има и во Студеничани, меѓу селата Малчиште и Осинчани, каде изгоре дел од ниската вегетација и деградирана шума. Во Чучер Сандево и Липково, кај селата Малино, Танушевци и Лукаре, огнот зафати мешана шума, но е под надзор. Во Делчево, пак, пожар избувна на депонијата Острец, кој исто така е ставен под контрола.

Поголемиот дел од пожарите, вкупно 19, се целосно изгаснати. Во скопската општина Бутел, кај депонијата во Визбегово и на булевар „Босна и Херцеговина“, гореше ѓубре и ниска вегетација, додека во Чаир пожар се појави кај Скопскиот аквадукт. На планината Добра Вода над селото Бенче во Македонски Брод изгореа делови од дабова шума и папрат. Во Штип, пожар во селото Љуботен зафати и една куќа и три штали, додека во селото Видовиште беше зафатена ниска вегетација.

Во Демир Хисар, кај селото Суводол, гореше ниска вегетација и отпад, а во Петровец, меѓу селата Ржаничино и Таор, пламенот зафати трска и растителни површини. Во Битола, во населбата Ушици, беше запалено ѓубре, а во Кривогаштани, кај селото Подвис, изгореа тревни површини.

Во Кичево беа регистрирани три пожари – еден на градската депонија, а другите два во селата Поповјани и Зајас, каде гореа стрништа. Во Тетово, пак, позади објектот Центрум, беше зафатена нива, додека во Желино пожар избувна на стариот пат кон Тетово, каде гореа гуми.

Во Куманово, кај селото Лубодраг, огнот зафати ниска вегетација и стрниште, а во Гевгелија, кај селото Давидово, беа зафатени меѓи и ниви. Пожари избувнаа и во Арачиново, на локалната депонија, како и во Старо Нагоричане, кај селото Ругинце, каде изгоре ниска вегетација.

ЦУК информира дека ситуацијата се следи постојано, а пожарникарите и локалното население продолжуваат да бидат на терен со цел да се спречи ново разгорување на огнот.

Поврзани содржини