ШУМАХЕР ЌЕ ДОБИЕ СВОЈ ДОКУМЕНТАРЕЦ НА НЕТФЛИКС Погледнете го трејлерот ВИДЕО

Во трејлерот можеме да ги видиме неговата сопруга Корина и децата Ина и Мик, како зборуваат во врска со неговите славни денови. Ќе бидат откриени непознати детали од кариерата. Но, како му е на Шумхаер во моментов? Никој не знае за неговата здравствена состојба, ниту тоа ќе биде обработено во филмот.

397

Седумкратниот шампион во формула 1, Михаел Шумахер ќе добие свој документарец на Нетфликс кој ќе прикаже досега невидени моменти од неговата кариера, јавува Мондо. Со ова, познатиот возач ненадејно ќе се појави пред јавноста, осум години по тешката несреќа што ја доживеа додека беше на скијање.

Поглeднете го трејлерот за филмот што ќе можете да го следите од 15-ти септември.

 






Документарецот, всушност, изглегува токму на време. Годинава се навршуваат 30-години од дебито на Шумахер во „Најбрзиот циркус“ во 1991 година. Таму, тој настапи со автомобилот Џордан, а потоа возеше за Бенетон, Ферари и Мерцедес.

Во трејлерот можеме да ги видиме неговата сопруга Корина и децата Ина и Мик, како зборуваат во врска со неговите славни денови. Како му е на Шумахер во моментов? Никој не знае за неговата здравствена состојба, ниту тоа ќе биде обработено во филмот.

Поврзани содржини
na