„ШУКОВА ПОЗИРА ПОКРАЈ ОХИС, А ПРЕДЛАГАШЕ УВОЗ НА ОТПАД ОД ЕВРОПА“ Нејзината партија ја премолчуваше депонијата со линдан, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДСМ и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична 'соработка' во труењето на скопјани. Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на денешната изјава на Каја Шукова од СДСМ.
Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Каја Шукова од СДСМ.
„А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДСМ и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична ‘соработка’ во труењето на скопјани.
Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.
Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДСМ-ДУИ.
Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!
Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Канцерот на скопјани, СДСМ и нивното време завршува.
Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз“,