ШТРУМФОВИ ДОАЃААТ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ Незаборавно дружење со сините палавковци

Од 18 ноември до 9 декември, секој вторник, четврток и петок од 18 часот, како и сабота и недела од 13 и 18 часот, запознавање и фотографирање со Велештрумф, Штрумфета и Штрумф Текнувало, Гаргамел и Азриел.

225

На 18ти ноември пристигаат сините прекрасни Штрумфови во East Gate Mall заедно со нивното магично село, каде дечињата ќе може да влезат во штрумфастичните печурка-куќички, да готват супа, да ја посетат лабораторијата на Веле Штрумф, салонот за убавина на Штрумфета, кафезот на Гаргамел, да го видат Азриел и многу други забавни активности, креативни работилници.

Интерактивните настани ќе се одвиваат секој вторник, четврток и петок од 18 часот, како и сабота и недела од 13 и 18 часот, запознавање и фотографирање со Велештрумф, Штрумфета и Штрумф Текнувало, Гаргамел и Азриел.






Присуство на сите настани е бесплатно во текот на целиот период, од 18 ноември до 9 декември.

Штрумфовите се приказни кои се стари 100 години. Тие се заштитници на природата и на старите добри вредности. Амбасадори на Обедитените Нации за целите на одржливост и развој на човештвото.

Поврзани содржини