ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО Запознајте се со малите Штрумфови во „Ист гејт мол“ до 9. декември

Интерактивната поставка на селото на Штрумфовите е прекрасен пример за целата јавност за дружење, заедништво, социјализација и добри вредности.

129

Во трговскиот центар „Ист гејт мол до 9. декември јунаците од анимираната серија Штрумфови ќе бидат главни протагонисти на кампањата Mали Штрумфови – големи цели, чија цел е да ја подигнат јавната свест за солидарност и преземање поголеми чекори во справувањето со проблемите на човештвото.

Штрумфовите се признаени амбасадори кои можат да го дадат својот пример за зачувување на планетата, намалување на екстремната сиромаштија и гладот, како и за промовирање на мир во светот.






Интерактивната поставка на селото на Штрумфовите е прекрасен пример за целата јавност за дружење, заедништво, социјализација и добри вредности. Штрумфовите се симбол на одржливо живеење, тие живеат во шума, во нивното село сè е направено од природни материјали, тие се грижат за чиста природа, секаде се движат пеш, не загадуваат и се солидарни еден сo друг.

Во селото на Штрумфовите децата ќе бојат цртежи со дрвени боички со главните вредности и пораки. Oва е прекрасна можност до 9. декември да се запознаете со Штрумфовите.

Поврзани содржини