ШТРАЈКОТ ПРЕКИНАТ Вработените во Управата за матични книги ги згрешија транспарентите

Сатирична вест на порталот Кооперација.

3,424

Вработените во Управата за матични книги, кои на почетокот на месецов стапија во штрајк со барање за поголеми плати, денес ненадејно прекинаа со штрајкување, откако забележаа дека со себе понеле погрешни транспаренти, на кои наместо нивните сегашни барања, беа испишани пароли со поддршка за премиерот Груевски.

– Во желбата што побрзо да излеземе на улица и да се избориме за своите права, направивме мал превид. Имено, колегата задолжен за исписи, наместо да напише нови пораки, само ги подигнал од подрум транспарентите останати од последниот протест на кој сме биле како институција и, без да ги провери, ги раздал на присутните штрајкувачи. – изјави анонимен штрајкувач од Управата за матични книги.






Целата сатирична вест прочитајте ја на порталот Кооперација.

Поврзани содржини