Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија
- Ние ќе го зајакнеме нашето однесување затоа што Амазон е невнимателен и создава здравствен ризик за вработените со цел да се збогати - рече портпаролот на синдикатот.
На шест локации во Германија штрајк почнаа вработените во „Амазон“, јави „Шпигел“.
Во неделата, синдикатите ги повикаа вработените во „Амазон“ да излезат на штрајк в понеделник и вторник како дел од кампањата за склучување договор „Добра и здрава работа“, за безбедност и заштита на здравјето на вработените среде епидемијата.
– Ние ќе го зајакнеме нашето однесување затоа што Амазон е невнимателен и создава здравствен ризик за вработените со цел да се збогати – рече портпаролот на синдикатот.
Пример беше даден со неодамнешната појава на коронавирус во објект на „Амазон“ во Бад Херсфелд, во кој се заразија околу 30-40 луѓе. Покрај тоа, синдикатите бараат повисоки плати.
Засега нема информации за тоа колку лица се вклучени во штрајкот.