Лила Мос штотуку наполни 18 години, но јасно е дека сигурно ќе продолжи по стапките на нејзината мајка, супермоделот Кејт Мос (46), која ги менуваше идеалите за убавина во 90-тите години на минатиот век.
Ќерката на славната манекенка дебитираше на модната писта носејќи ги креациите на италијанската модна куќа „Миу Миу“ на Модната недела во Париз, а споредбите со легендарната Кејт се неизбежни. Повеќето експерти се согласуваат дека сличноста е многу видлива, а на Лила ѝ прогнозираат и сериозна кариера.
Кејт во далечната 1992 година за првпат прошета по модната писта, исто така на 18 години, а разликата е во тоа што Лила го скрши мразот без публика. Поточно, како и кај многу други настани, гостите се вклучија преку интернет и виртуелно ја посетија ревијата.
Лила е ќерка на британскиот издавач и кустос Џеферсон Хак (49), но сепак го користи презимето на нејзината славна мајка за да се пробие во светот на модата. Таа исто така има договор со својата агенција, а е заштитно лице на брендот „Марк Џејкобс бјути“.
ФОТО: Инстаграм