ШТОМ ЖОНГЛИРА СО 9 ЈАЈЦА, ЗНАЧИ РАСУДУВА КАКО ЧОВЕК! Истражувачите загрижени дека ЧатГПТ е сѐ поблиску до Општата вештачка интелигенција

А нели ГПТ-4 беше токму онаа верзија за која Илон Маск заедно со стотици експерти во светот во петиција побараа да биде стопирана?

535

„Ако имам книга, девет јајца, лаптоп, шише и шајка, те молам кажи како да ги наредам една врз друга, а да бидат стабилни“.

Вака му напишале група истражувачи на веќе славниот ЧатГПТ, а кога тој, откако малку се збунил, им одговорил дека јајцата би можеле да бидат избалансирани на врвот на шајката, а врз нив да дојдат лаптопот и шишето, истражувачите биле изненадени, пишува Инсајдер.






– Оваа „реденка“ можеби не е многу стабилен, па затоа е важно да се биде внимателен кога ракувате со неа – додал ЧатГПТ, кој патем бил во својата трета верзија, ЧатГПТ-3.

Истражувачите всушност сакале да ги истражат разлиите меѓу ГПТ-3 и ГПТ-4, а за тоа напишале студија од 155 страници.

Поновата верзија пак, ГПТ-4 дала уште поитар одговор.

– Лаптопот цврсто ќе се вклопи во границите на книгата и јајцата, а неговата рамна и цврста површина ќе обезбеди стабилна платформа за следниот слој – им одговорил ботот.

Е токму ова ги навело да помислат дека ботот разумно расудува и тоа расудува блиску до тоа што би го помислил човек. „ЧатГПТ“ покажува некои знаци на човечко расудување“, гласи насловот на статија во Тајмс која објаснува што пронашле научниците.

– Толку работи што мислев дека нема да може да ги направи? Е, ама тој сигурно можеше да направи многу од нив, ако не и повеќето од нив – изјави за Тајмс Себастиен Бубек, главниот автор на студијата.

Дали ова значи дека ЧатГПТ галопира кон самосвесност, кон она што го нарекуваме АГИ – Општа вештачка интелигенција? Според Иан Хогарт, познат инвеститор во вештачката интелигенција, АГИ ќе биде „како Бог“ и може да го уништи човештвото со тоа што ќе нѐ направи излишни и непотребни.

За „среќа“, авторите на студијата велат дека ГПТ-4 покажува само „искри“ на оваа Општа вештачка интелигенција, тукуречи самосвесност.

„Нашето тврдење дека ГПТ-4 напредува кон АГИ не значи дека (ботот) е совршен во она што го прави. Или дека тој е блиску до тоа да може да направи сè што човек може да направи“, напишаа истражувачите.

А нели ГПТ-4 беше токму онаа верзија за која Илон Маск заедно со стотици експерти во светот во петиција побараа да биде стопирана?

Да, петицијата тогаш не ја потпиша човекот кој е извршен директор на компанијата која го развива ЧатГПТ, 38-годишниот Сем Алтман.

Плусинфо веќе пишуваше за новата криптовалута на Алтман која ќе користи скенирање на очите за да ги верификува своите корисници.

Алтман пред американскиот Сенат изјави дека сепак сака регулација на вештачката интелигенција, но потсети дека ЧатГПТ меѓу другото може и да најде лек за ракот.

ЧАТ ГПТ НЕ Е ДОВОЛЕН, НА РЕД Е „СВЕТСКИ КОИН“ КОЈ ЌЕ СКЕНИРА ОЧИ! Самопрогласениот марксист-милијардер лансира проблематична валута

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ИЗМАМА ИЛИ ИДИОТИЗАМ? Не би можеле да знаеме бидејќи ни Туринговиот тест не е валиден!

 

 

 

Поврзани содржини