ШТОМ НЕМА НАФТА ВО „ДРУЖБА“ НЕМА НИ ПАРИ ЗА УКРАИНА Унгарија и Словачка го блокираат заемот од 90 милијарди евра за Киев

Новиот документ ја потврдува поддршката за Киев од страна на лидерите на ЕУ, како и поддршката за мировните преговори што би ги почитувале границите на Украина и би обезбедиле безбедносни гаранции, но не вклучува дефинитивна одлука за исплата на заем за Украина во вредност од 90 милијарди евра, туку само намера да почне исплатата во април.

156

Новите заклучоци на Европскиот совет за Украина на денешниот состанок во Брисел ги потпишаа 25 земји-членки, но не ги потпишаа Унгарија и Словачка, кои со тоа продолжуваат да ја блокираат финансиската помош за Украина.

Како што објави Гардијан, новиот документ ја потврдува поддршката за Киев од страна на лидерите на ЕУ, како и поддршката за мировните преговори што би ги почитувале границите на Украина и би обезбедиле безбедносни гаранции, но не вклучува дефинитивна одлука за исплата на заем за Украина во вредност од 90 милијарди евра, туку само намера да почне исплатата во април.






Документот содржи и намери за „брзо усвојување“ на 20-от пакет санкции против Русија, но за ова не е донесена дефинитивна одлука.

Пред денешната седница на Европскиот совет, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата е подготвена да ѝ помогне на Украина само кога ќе ја добие својата нафта, чија испорака Киев ја блокира.

На новинарско прашање за нафтоводот „Дружба“, кој е надвор од употреба од крајот на јануари и за деблокирањето на кредитите за Украина, Орбан рече рече дека нема да поддржи никаква одлука во корист на Украина сè додека нафтоводот е блокиран.

– Чекаме нафта, сè друго се бајки. Веруваме само во факти. Нафтата треба да доаѓа во Украина. Дотогаш, не можеме да поддржиме никаков проукраински предлог – рече Орбан.

Поврзани содржини