ШТОМ ИМА ЕЗЕРА ВО САХАРА, КЛИМАТА СЕ МЕНУВА Три дена не сопреа дождовите 5 пати потешки од обичното
Климатолозите предупредуваат дека прво ќе зазеленеат јужните и западни делови на Сахара кои ќе станат ниска вегетација и савана за тропските тревопасни животни, додека пустината ќе се движи на север и, меѓу другото, ќе вклучува и дел од крајбрежјето на Мороко и на Шпанија.
И до петпати повеќе врнежи има во септември оваа година во најголемата пустина на светот, а дождот уште не прекинува! Мали езера можат да се видат во Сахара додека трае феномен кој не бил забележан со денеции во Африка. Експертите велат дека ова е сигурен знак дека нешто со климата во светот се менува.
Всушност, до неодамна немаше воопшто врнежи во Сахара низ цела година. Минатата недела, врнеше цели три дена – од вторникот до петокот.
Жителите на пустинскиот град Аин Сефра во Алжир биле шокирани кога неодамна виделе огромно езеро меѓу дините кои привремено се формирале таму по многу силен дожд.
#Djanet…un monde à découvrir…une aventure à vivre….
#Algeria…#Sahara…#Dz pic.twitter.com/Oxf3vl9edy
— magical and amazing photos /Algeria (@amazingAlgeriaa) September 7, 2024
Пустината Сахара се протега низ 12 африкански земји. Тоа е неплоден песок стар 6.000 години. Претходно, тоа бил зелен регион со езера, реки и бујна вегетација. Древната карпеста уметност во Сахара прикажува средина богата со вода со стада животни, дури и нилски коњи, кои се цицачи кои можат да се видат само таму каде што има стабилни водотеци во текот на целата година.
Она што ги сменило нештата е промена во земјата орбита, па оттогаш Сахара е најсувото место на планетата.
А зошто не би можело повторно да се случи уште еден пресврт? Па, во историјата на овој регион се менувале – сувата пустина и зелената оаза. Тоа е поради поместувањето на зоната на палеомонсуните.
Она што е различно сега е дека поради активноста на човекот и климатските промени ова може да се забрза. Климатолозите предупредуваат дека прво ќе зазеленеат јужните и западни делови на Сахара кои ќе станат ниска вегетација и савана за тропските тревопасни животни, додека пустината ќе се движи на север и, меѓу другото, ќе вклучува и дел од крајбрежјето на Мороко и на Шпанија.
مشاهد من كوكب #الجزائر
اللهم اجعل هذا البلد آمناً مطمئناًpic.twitter.com/PfcrpAXiqk
—
﮼رَاشـــــد | Rashid (@RLehbib) September 6, 2024