ШТО ЗНАЕЛ КРАЛОТ ЧАРЛС ЗА ТАЈНИТЕ ФИНАНСИСКИ ВРСКИ НА НЕГОВИОТ ПОМАЛ БРАТ? Пораки од бележникот на Епстин откриваат детали

Овој пакет е-пораки дополнително го вовлекува кралот Чарлс во кризата предизвикана од врските на Ендру со Џефри Епстин, како и обвинувањата дека тој му доставувал потенцијално доверливи и чувствителни документи на осудениот педофил.

164

Kралот Чарлс уште во 2019 година, бил предупреден дека името на британското кралско семејство се „злоупотребува“ поради деловните врски на поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, открива „Дејли меил“.

Во е-мејл, информаторот го информирал судот дека поранешниот принц Ендру имал тајни финансиски врски со контроверзниот милионерски финансиер Дејвид Роуланд, за кој се вели дека ги злоупотребил своите врски со кралското семејство.






Извештаите добиени од овој весник, исто така, укажуваат дека поранешниот принц Ендру, му дозволил на Роуланд виртуелно да учествува во неговите службени должности.

Овој пакет е-пораки дополнително го вовлекува кралот Чарлс во кризата предизвикана од врските на Ендру со Џефри Епстин, како и обвинувањата дека тој му доставувал потенцијално доверливи и чувствителни документи на осудениот педофил.

Ендру еднаш му рекол на Епстин дека Роуланд е неговиот „сигурен човек за финансии“. Банкарот и неговиот син Џонатан Роуланд го придружуваа Ендру на патувањата што ги правеше како владин трговски претставник помеѓу 2001 и 2011 година, вклучувајќи посети на Кина и поранешни советски држави.

Со години, Ендру го информираше Роуланд за деловните можности што произлегуваат од неговата службена работа. Роуланд еднаш ѝ даде на поранешната сопруга на Ендру, Сара Фергусон, 40.000 фунти за да ѝ помогне да ги отплати долговите, а во 2017 година му отплати и заем од 1,5 милиони фунти на Ендру.

Во август 2019 година, информатор, кој имал детално познавање на односите на Ендру со Роуланд, му испратил е-пошта на тогашниот принц од Велс, Чарлс, преку кралските адвокати Farrer & Co, предупредувајќи го за „злоупотребата на кралското семејство од страна на Дејвид Роуланд“.

„Дејствијата на Неговото Кралско Височество, војводата од Јорк Ендру, сугерираат дека тој го смета својот однос со Дејвид Роуланд за поважен од односот со сопственото семејство“, наведува тој во пораката.

Потоа, дојавувачот испратил втора е-пошта до самиот Роуланд, со копија до Клајв Алдертон, личен секретар на Чарлс, и Марк Бриџис, адвокат на покојната кралица Елизабета во Farrer & Co.

Доставените докази недвосмислено потврдуваат дека поранешниот принц злоупотребил името на кралското семејство.

Понатаму се тврди дека Роуланд „му платил на војводата од Јорк за да обезбеди банкарска лиценца во Луксембург“ за неговата приватна банка Banq Haviland, а е-поштата наводно ги содржела и деталите за банкарската сметка на Ендру.

Е-поштата е дел од серија нови откритија за деловните активности на Ендру, вклучувајќи:

Ендру му кажал на Џонатан Роуланд дека имал „многу поддржувачки разговор“ со тогашниот премиер Дејвид Камерон и лидерот на лабуристите Ед Милибанд, наводно на свадбата на принцот Вилијам во април 2011 година, во време кога веќе се поставуваа прашања за неговата улога како трговски претставник по објавувањето на фотографијата на која ја држи 17-годишната Вирџинија Џуфре

Ендру тајно користел официјална трговска мисија за да помогне во посредувањето за мултимилионски нафтен договор за Кина за неговите деловни соработници, надевајќи се дека ќе „заработи многу пари“ со Епштајн
Британскиот амбасадор ја предупреди владата пред повеќе од 20 години дека однесувањето на Ендру ѝ штети на земјата и на кралското семејство

Ендру го поканил Џонатан Роуланд на состанок во Бакингемската палата, на кој присуствувал и британскиот амбасадор во Црна Гора, бидејќи тоа би помогнало во унапредувањето на деловните амбиции на семејството Роуланд
Пратениците вчера ја повикаа полицијата да ги истражи доказите добиени од „Дејли меил“, а поранешниот принц Ендру цврсто негираше какво било кривично дело.

Бакингемската палата соопшти дека, поради тековната полициска истрага, не можат да коментираат за е-поштата на дојавувачот, но дека секој релевантен материјал треба да се проследи до надлежните органи.

Поврзани содржини