ШТО ЗАКЛУЧИЈА БАЈДЕН И ЏИНПИНГ Конфронтацијата меѓу Кина и САД ќе го загрози целиот свет

Конфликтот меѓу Пекинг и Вашингтон може да претставува опасност не само за двете земји, туку и за целиот свет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот колега Џо Бајден.

283

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со својот кинески колега Си Џинпинг за првпат по седум месеци при што објаснил дека САД се обидуваат да гарантираат дека „конкуренцијата“ меѓу двете светски сили нема да не се претвори во „конфликт“, соопшти Белата куќа.

– За време на разговорот, пораката на претседателот Бајден беше дека САД сакаат да обезбедат „динамиката да остане конкурентна и во иднина да немаме ситуација во која ќе се втурнеме во ненамерен конфликт – изјави висок функционер на Белата куќа.






Конфликтот меѓу Пекинг и Вашингтон може да претставува опасност не само за двете земји, туку и за целиот свет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот колега Џо Бајден.

– Веќе извесно време, американската политика кон Кина доведе до сериозни проблеми во кинеско-американските односи. Тоа не е во најдобар интерес за народите на двете земји и заедничките интереси на сите држави во светот – истакна Си Џинпинг, цитиран од Кинеската државна телевизија.

Според него, Пекинг и Вашингтон мора да покажат политичка волја и одговорност и што поскоро да ги вратат своите односи на патот на нормалниот развој.

– Пекинг е подготвен да започне дијалог и посветеност кон Вашингтон во борбата против климатските промени и пандемијата на коронавирус, како и во економското закрепнување и решавање на светските проблеми – додаде кинескиот претседател.

Поврзани содржини