ШТО ВЕЛАТ УКРАИНЦИТЕ ЗА СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ? Има ли во „две држави, еден народ“?
Многу Украинци едноставно се чувствуваат Украинци. Во истражување од март 1998 година речиси 58 отсто од испитаниците сметале дека за да докажат дека се Украинци доволно е што имаат сопствен личен идентитет и дека поседуваат украинско државјанство.
Тешко е да се зборува за идентитетот на еден народ од туѓа перспектива, а украинскиот јазик, култура и посебност наспроти руското инсистирање на „еден народ“ се деликатна тема за која сè уште дебатираат научниците и интелектуалците. На пример, скоро една третина од Украинците истовремено се идентификуваат и како Украинци и како Руси, но тоа е многу различно од начинот на кој Русите ги сметаат Украинците за „свои“.
Постојат безмалку осум идентитети кои го сочинуваат украинското национално чувство, тврди професорот Ендрју Вилсон, предавач по украински студии на Факултетот за словенски и источноевропски студии на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Постои советски идентитет, тоа се луѓето кои се носталгични по некогашната СССР, постои дњепарски идентитет, тоа е идејата дека Украина е посебна иако има заедничко потекло со Русија и Белорусија во средновекованата Киевска Рус, постои чистото русофилство, панславистите … и секако, западниот дел на Украина, каде преовладува галицискиот идентитет.
На свое предавање одржано на Институтот Кенан на 6 декември 1999 година, Вилсон ги претставил бројките од пописите кои биле правени во 90-тите, но и бројни анкети од тоа време. За да дојде до обединување на националните чувства тој сметал дека е битно да се земат предвид сите варијанти, што ги нарекол со име „Другата Украина“. Сепак, оттогаш поминаа 20 години, а светот се менува.
Дњепарски национализам
Овој вид на чувство веројатно е најсредишен и околу него, според Вилсон, би можеле да се обединат другите чувства, иако тој процес оди бавно. Дњепарскиот национализам е чисто украински и го зема за средиште Киев, а не галициските традиции. Припадниците ја признаваат и некогашната Киевска Рус, но се сметаат за посебни, за разлика од Киевоцентристите, кои се панслависти и сметаат дека Киев е наследник на руската култура.
Креолски национализам
Овој идентитет е изразен кај русофоните Украинци кои не ѝ се симпатични на Украина. Најдобар пример се луѓето во Донбас и јужна Украина, побунети региони во кои Москва одамна делат руски пасоши и кои би биле први на удар во случај на војна меѓу Русија и Украина.

Галициски, односно про-западен идентитет
Конечно, Вилсон го разликува галицискиот национализам, кој ја гледа Западна Украина како агент на националното единство и чувар на вистинската вера на Украина. Тоа се луѓето кои сметаат дека Украина треба да биде НАТО и ЕУ-членка и про-западно ориентирана.
Личното име доволно за посебен идентитет
Многу Украинци едноставно се чувствуваат Украинци. Во истражување од март 1998 година речиси 58 отсто од испитаниците сметале дека за да докажат дека се Украинци доволно е што имаат сопствен личен идентитет и дека поседуваат украинско државјанство.
Бројките од истражувањата од 90-тите
Бројките во 90-тите можат да варираат од она што се случува во Украина во моментов. Сепак, интересно е да се ѕирне што кажале Украинците на анкетите во 1998 година. Околу 27 отсто од Украинците се идентификуваат како Украинци и како Руси. Сличен број, или околу 35 отсто се сметаат за Украинци чиј прв јазик е рускиот.
Вилсон на предавањето илустрирал дека повеќе од 30 отсто од испитаниците тогаш сметале дека независноста на Украина е „голема несреќа, бидејќи таа значела крај на СССР“, додека дополнителни 20 отсто ја карактеризирале како „неприроден прекин на единството на источнословенските народи. Само нешто помалку од 9 отсто се согласија дека Украина „ја освоила својата независност во 1991 година како резултат на вековната национално-ослободителна борба“.
На прашањето дали се за национална држава, позитивно одговориле само 22 отсто, додека 31 отсто биле за држава на граѓански принцип. Голем дел, 37 отсто од испитаниците одговориле нешто помеѓу.
Истражувањето покажало и дека мнозинството Украинци сметаат дека рускиот јазик денес уште се зборува во земјата затоа што им бил наметнат во минатото, за разлика од останатите кои велат дека доброволно го зборуваат.